Мени

За Нас

Адвокатската канцеларија МИЦЕВ основана е 31-03-2006 година.

Адвокатот Игор Мицев од Скопје дипломирал на Правниот факултет “Јустинијан први“ во Скопје при Универзитетот “Св. Кирил и Методиј“ во 2003 година. Во 2005 година положил правосуден испит и веднаш добил адвокатска лиценца за работа како адвокат. Храбро, на свои 26/дваесет и шест/години, основа сопствена адвокатска канцеларија.

Прецизен, принципиелен, темелен и одговорен во извршувањето на својата професија, Адвокатска канцеларија МИЦЕВ ја проширува со вработување на стручен правен кадар, за денес да стане една од најбрзо растечките адвокатски канцеларии во РМ во изминатите 5 години, во сопствен деловен простор од 100 м/2, со одлична репутација, докажани во својата способност да понудат решенија за Вашите правни проблеми.

Минувајќи низ процесот на драстични промени во правниот и судскиот систем, одлучува да тргне по потешкиот и долгорочен пат во својата кариера, насочувајќи се кон специјализирање во одредни области од правото. Предметите од областа на надомест на штета и стопанското право се главните правни насоки во кои е најдобар.

Денес, во трка со времето, Ви е потребна специјализирана правна адвокатска помош што знае како да Ви обезбеди навремени, издржани и стручни правни совети за да можете да ги донесе висинските одлуки и да најдете решение за вашите потреби, дилеми и проблеми, и секако за да ги донесете вистинските одлуки за вашите повредени права, за вашиот бизнис, вашите пари, инвестиции, финансиски трансакции и сл. Решавањето на вашиот спор пред институциите, компаниите и судовите, во Ваш интерес или со најмали можни последици за Вас е наша обврска но и предизвик кој ни дава не само финансиска туку и лична професионална сатисфакција за успешно завршената работа.

Нашиот тим е сочинет од 5/пет/ млади, но искусни правници/адвокати, енергични, професионални и пред се доверливи, кои се обучени, организирани и специјализирани да делуваат брзо, ефикасно и навремено. Сите со работно искуство од над 5/пет/години овозможуваат со својата професионалност и комуникативност веднаш да го воочат Вашиот проблем и да го најдат решението поврзани со јавните и приватните компании, банките, осигурителните друштва и секаде каде има потреба од нашата стручна помош.

За нашите главни проблеми од предметите во областа на надомест на штета Адвокатската кацеларија МИЦЕВ има ангажирано стручни лица од областа на медицината, сообраќајот и машинството што ни овозможува Веднаш да го воочиме проблемот но и за истиот да најдеме позитивно Решение.

За нашите клиенти од стопанството пак имаме ангажирано стручни лица од областа на економијата, финансиите и сметководството што ни обозможува да Ви обезбедиме меѓу другото и консултантски услуги, бидејќи имаме воспоставено долгорочна деловна и техничка соработка со професионални лица од економијата.

Голема подршка ни дава и воспоставената деловна и техничка соработка со Министерството за внатрешни работи на РМ, Централниот регистар на РМ, Агенцијата за катастар на недвижности на РМ, Бирото за судски вештачења, Машинскиот факултет во Скопје, Техничко-сообраќајниот факултет во Битола, Медицинсиот факултет во Скопје, Агенциите за вештачења на територијата на РМ, што воедно и не прави:

 

ИСКЛУЧИТЕЛНИ ВО НАШАТА АДВОКАТСКА ПРОФЕСИЈА